Германскиот производител на автомобили Volkswagen, не само што е препознатлив по различните модели на возила, туку се пробива и во светот на гастрономијата.
Тој веќе го заштити брендот ајвар во Америка, а земал и просторија под наем каде што треба да почне производството.
Растот во Македонија се должи на јавните инвестиции и на извозот поврзан со странските директни инвестиции.
Животот на лицата со оштетен слух воопшто не е едноставен, па голем предизвик за технолошките иноватори е да се пронајде уред што ќе им биде од голема помош.
Книга во секој дом – предизвик и инспирација за Клуб Матица, овој пат фокусирана на македонскиот збор, слово и книга.
Uber сака во 2015 година да се шири во Европа и може да отвори 50.000 работни места како дел од "новото партнерство" со европските градови.
Жито Маркети го отвори својот трет маркет во Прилеп. Oвој маркет спаѓа во категоријата на дисконти и за купувачите ќе овозможи голем избор на производи по пристапни цени и врвна услуга соодветно на високите стандарди на компанијата.
Промоција на првото печатено издание на Белата книга на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.
Швајцарскиот франк се фиксира на 6,39 куни на една година, а трошоците одат на терет на финансиските институции.
Тајландската осигурителна куќа Thai Life Insurance е позната по емотивните реклами.
Социјалната мрежа Facebook и официјално ја лансираше пилот верзијата на новата социјална мрежа Facebook at work.
Станува збор за LG Styler, што е своевиден фрижидер за облека, што ја одржува гардеробата без да употребува детергент. Овој изум е наменет за облека што тешко се одржува, односно за костуми, капути и џемпери.
Забраната за увоз на кубански пури во САД, што траеше половина век, престанува да важи по одлуката на американскиот претседател Барак Обама.
Како програма, Еразмус плус им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот.
Договорот е во вредност од 50 милиони евра, а изградбата на 41 брана се дел од проектот Мојсеј за одбрана на градот од висока плима.
Екстра Фунги е извозно ориентирана компанија и речиси 95% од своите производи ги пласира на странските пазари.
Во трговијата на мало, во ноември 2014 година, во споредба со ноември 2013 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 2,1%, а реално за 1,9%.
Прометот во индустријата во ноември минатата година, во однос на истиот период претходната година, бележи пораст од 20,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Осигурителната компанија Dialdirect ги потсетува луѓето дека секоја минута од животот е важна. Малото вредно детенце е вистински херој не само во очите на неговата мајка, туку ги освојува срцата на сите.
По пет години повторно ќе биде воспоставен авионски сообраќај на релација Сараево – Подгорица – Скопје и обратно.
Оваа услуга е насочена кон население со ниски приходи и за оние кои живеат во рурални средини, а нуди и различни опции, како што се Wikipedia, страници со временска прогноза, огласи за работа, здравствени информации и Facebook.
Меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings во 2015 година, го потврди долгорочниот кредитен рејтинг БББ - на ПроКредит Банка АД Скопјe.
Бројот на туристите во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е зголемен за 6,9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2,9%.
Еден од најбогатите луѓе во светот, Карлос Слим од Мексико, стана еден од најголемите акционери на познатиот американски New York Times, откако го искористи правото двојно да го зголеми својот удел во американскиот весник на 16,8%.