Раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во октомври 2014 година како непроменета во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на истиот период лани.
Агрокор, кој во своето портфолиот го има најголемиот хрватски ланец маркети Конзум, по преземањето на словенечки Меркатор, поради концентрација на хрватскиот пазар, мораше да понуди на продажба или под закуп 96 продажни објекти.
Пити, колачи, компоти беа на трпезата на хуманитарниот базар Есента дарува - хуманоста царува, приготвени од родители и деца од градинката Снежана во скопската населба Чаир.
Канадската компанија BlackBerry нуди од 90 до 400 долари на сите корисници на iPhone, во зависност од моделот, доколку сакаат да преминат на нивниот модел Passport, покрај фиксниот надомест од 150 долари.
Целта на проектот е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис.
Google ја започна промоцијата на лажицата Liftwave, која особено им помага на постарите лица и на оние кои имаат проблеми со Паркинсовата болест за да можат без никаков проблем да уживаат во нивниот оброк.
Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска ќе одржи Годишно собрание.
Германскиот трговец Metro го продава својот cash-and-carry бизнис во Грција на локалниот ланец Sklavenitis, како дел од стратегијата на групата за фокусирање на главните маркети.
Иако добро знаеме дека највредните работи во светот не можат да се купат со пари, не е лошо да се потсетиме и да ги вреднуваме уште повеќе во секој момент од нашиот живот.
По повод 150 годишнината на Сосиете Женерал Групацијата, Охридска банка организира наградна игра за сите корисници на MasterCard платежни картички.
Турската компанија Aselsan и американската компанија IBM потпишаа договор за развивање на батерии, со кои електричните автомобили ќе можат да возат пет пати подолго по полнењето.
Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска се одбележа ЕУ Недела за помалку отпад, која трае од 22 до 30 ноември и претставува главен настан во Европа за подигнување свест и едукација на темата управување со отпад.
За време на настанот преку видео проекција беа презентирани дел од позначајните активности на банката реализирани во изминатите години, а беа презентирани и резултатите од проектот Подари насмевка.
Ова е производ за луѓе кои постојано имаат проблем со празни батерии, а не сакаат со себе да носат полначи.
Бруто домашното производство на електрична енергија во септември оваа година учествува со 66,5% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија.
Вип оператор го најави отворањето на реновираниот продажен салон во ГТЦ со концепт проблизок до корисниците, кое ќе се случува оваа среда, 26 ноември 2014 година.
Градските власти на францускиот град Гренобл донесоа одлука да ги отстранат сите рекламни паноа и на нивно место да засадат дрвја, што досега не се случило во ниту еден европски град.
Народната банка ги издаде и пушти во оптек кованите пари за колекционерски цели Стрелец и Јарец од серијата Хороскопски знаци.
Ова млеко содржи 50% повеќе протеини и 50% помалку шеќер од стандарното млеко, а ќе биде збогатено со 30% повеќе калциум.
Претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Свети Николе ќе одржат средба со членови на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.
Лидерот во бизнис класата е веќе достапен за македонските возачи, а претставниците на Порше Македонија се сигурни дека совршениот нов Volkswagen Passat ќе биде успешен најмалку како и неговите претходници.
Henkel во 2002 година ја купи српската компанија Мерима. Сега од погоните во Крушевац снабдува пазар од 55 милиони потрошувачи во регионот.
На 23 ноември, 2014 година ненадејно почина нашиот долгогодишен соработник, колега, ментор, пријател и голем човек, Оливер Костуранов.
Акционерското друштво Мермерен комбинат од Прилеп донесе одлука за распределување на акумулираните добиви остварени до 31.12.2013 година и резервите настанати пред 2009 година.











