Одлуката на ЈП Аеродроми Црна Гора да ги зголеми патничките аеродромски такси од 15 на 17 евра не е добра и со тоа ја прави земјата помалку конкурентна на туристичкиот пазар, оценуваат туристичките работници за Побједа.
Влахушиќ најави изградба на голем аквариум, еден од најголемите на Медитеранот, во вкупна вредност од 80 милиони евра.
За разлика од претходната 2012 година, кога СДИ беа во вредност од 72.000.000 евра, забележан е пораст кај вложувањата од странство во нашата земја.
Пословне новине, во соработка со агенцијата ТЕС, ги рангираа компаниите во БиХ според постигнатите резултати во 2013 година. Рангирани се големи, средни и мали компании според вкупниот приход, нето добивка, извоз и инвестиции.
Во реновираната зграда на Геозаводот во Белград вчера беше свечено претставен мастер планот - Белград на вода, што треба да биде завршен до крајот на 2016 година.
Откако вчера беше најавено дека се исполнети сите услови за заклучување на трансакцијата за купување мнозински пакет од 53,12% акции во словенечкиот трговски ланец, денеска Агрокор успешно го заврши купопродажниот процес.
Обновената линија ќе произведува нови чоколади KitKat, кои од Бугарија ќе се извесуваат во целиот свет.
Туристичките агенции во Црна Гора се борат за опстанок или се пред скоро гасење, а причина за тоа е високиот степен на нелојална конкуренција преку интернет, сметаат во Црногорското туристичко здружение.
Атлантик Група на почетокот на мај договори регионална дистрибуциска соработка со американскиот бренд Монстер.
За патниците кои се одлучуваат да летаат во последен момент, словенечката авиокомпанија Adria Airways ја воведува услугата Last Minute на повеќето свои редовни линии.
Првата хрватска нискобуџетна авиокомпанија Dalmatian, која требаше на 30 јуни да започне со работа, на својата интернет страница пред два дена објави дека престанува со продажба на билети затоа што се откажал еден од инвеститорите.
По поплавите кои опустошија цели населени места, кои предизвикаа голем број на свлечишта и оставија многу луѓе без покрив над главата, побарувачката за монтажни куќи во БиХ скокна за 60%.
На менаџерите во јавните претпријатија оваа година нема да им се исплаќа стимулативниот дел од платите за 2013 година, независно од тоа колку успешно работело претпријатието минатата година, одлучи вчера хрватската влада.
Невена започна нова детска програма откако не успеа да обезбеди пари за обновување на лиценцата за швајцарската колекција Косили.
Платформата Croinvest.eu е бесплатна за користење, а наменета е за сите домашни физички и правни лица, како и за сите странски државјани кои сакаат да инвестираат во Хрватска.
Во првата фаза домаќинствата се пријавуваа доброволно и притоа мораа да задоволат одредени меѓународни стандарди и кретириуми, почнувајќи од сместувањето, па до останатите содржини што ги нудат.
Законот на потрошувачите им нуди низа поволности, меѓу кои е и рекламација дури и на половни производи - од технички уреди до автомобили.
Првиот интегрален хотел се состои од девет луксузно уредени апартмани и пет соби во центарот на Загреб, со заедничка рецепција. Сите апартмани се наоѓаат во стариот дел на Долниот град, а полниот капацитет е 70 лежаи.
Американски ExxonMobil е во преговори со државната Турска нафтена корпорација (ТПАО) за истражување на гас од шкрилци во југоисточниот и северозападниот регион на земјата.
Ќе се контролираат угостители, продажни објекти, изнајмување на сместување, превоз, услужни дејности, како и места за посебни пригодни свечености, пазари, пекари, месари, ветеринарни и медицински ординации...
Котор и понатаму е најскап град во регионот, а минималната потрошувачка кошничка за месец мај оваа година изнесувала 925 евра.
Според извори на Блиц, за влез во Дунав осигурување заинтересирани се и Европска банка за обнова и развој и Меѓународна финансиска институција, но фаворит се Германците, затоа што се заинтересирани да купат мнозински пакет.
Милионитиот патник кој помина вчера на Загрепскиот аеродром е Виктор Петровски кој патувал за Скопје. Виктор доби подарок бон од 200 евра за duty free shop на аеродромот и два билета на Croatia Airlines за една дестинација по избор.
Роботот Марко е создаден во рамки на проект за развој на роботиката како средство за помош во совладување на потешкотиите во развојот на децата.