Секоја вила чини десетина милиони евра, а Капетановиќ очекува гости да бидат екстремно богати луѓе, чие богатство не се мери со милиони, туку со стотици милиони долари. Целиот комплекс ќе биде сместен меѓу лозови насади и маслинови дрвја.
Контролата на издавањето фискални сметки и работа на црно ќе биде зголемена 8-10 пати. Бројот на контролори ќе се зголеми за четири пати, па месечно ќе се прават и по две проверки, и попладне и за време на викенди.
Катар ќе формира инвестициски фонд, преку кој пет големи компании ќе инвестираат во инфраструктурни и електроенергетски проекти, банкарскиот и други сектори во БиХ.
Во текот на првиот ден од Сараево бизнис форум (СБФ) е потпишан договор за создавање земјоделски корпорации во рамки на кои би биле отворени стотина илјади работни места во регионот.
Само пет хрватски компании минатата година на странски пазари успеале да пласираат производи во вредност поголема од една милијарда куни (132 милиони евра), за разлика од 2012, кога оваа цифра ја достигнале седум компании.
Милка чоколади, козметика, храна, тутун, нафтени деривати... сето тоа се продава во сивата зона, поради што компаниите кои легално тргуваат со овие производи годишно губат стотици милиони евра.
Кинезите сакаат аеродромот да го земат уште ова лето, а во случај да успеат, планираат модернизација на инфраструктурата и довршување на веќе започнатиот нов патнички терминал.
Словенечкиот парламент пред две години одобри основање на “лоша банка“, со цел да се ослободат кредиторите од седум милијарди евра ризичка актива и ненаплатливи кредити.
На земјиштето со површина од 780.000 хектари, според договорот, ќе се одгледува ананас, манго, авокадо, маслена репка и памук, кои на турскиот пазар ќе се пласираат по пониски цени
Меѓународната инвестициска конференција Сараево бизнис форум 2014 започнува денеска. Форумот што денеска и утре ќе се одржи во главниот град на БиХ е во организација на Bosna Bank International (BBI).
Euromoney е британски месечник кој излегува од 1969 година и е еден од најреномираните што ја следат финансиската индустрија.
Два месеца по ред продолжува да се намалува бројот на невработени на месечно ниво, а благ пад се бележи и на годишно ниво, на што најмногу влијаеше вработувањето во туризмот.
На продажба е ставен пакет од 4,75 милиони акции или 72,75% од вкупниот број на акции на Телеком Словеније кои се во сопственост на државата, Капиталска дружба (КАД) и осигурителните куќи Триглав и Позаваровалница Сава.
Островот Света Анастасија што се наоѓа до Бургас, првиот остров – атракција во Бугарија, од 15 мај ќе биде отворен за првите туристи.
Овој кредит ќе и помогне на Турција да ја задоволи растечката побарувачка од енергија преку развој и искористување на природните ресурси.
Неофицијално, во ФАС би можела да се прави новата панда или некој од новите модели од фамилијата 500, hatchback или wagon sport.
Таргетиран пазар не е само Блискиот исток, туку и некои земји во Европската унија, како Франција и Британија, каде халал пазарот е во раст.
Во помалите туристички гратчиња цената може да биде 2 или 2,5 евра за чадор и уште толку за лежалка. Во најголемите летувалишта, цената ќе биде до 4 евра.
Телекомуникациската компанија Vip Mobile планира да инвестира 23 милиони евра во Србија до крајот на годинава, во развој на мрежата на мобилна телефонија, изјави финансискиот директор на компанијата Андреас Граф за агенцијата Бета.
Иван Буразин и Ведран Јукиќ го презентираа својот едитор на кодови на сите платформи, кој се наоѓа во облак (cloud). Во пракса, тоа значи дека програмерите можат да ги поправаат своите апликации и страници од сите уреди во реално време.
Национализираната австриска банка Hypo Alpe Adria има барем две понуди за балканската мрежа, дознава Ројтерс од извори запознаени со трансакцијата. Кандидатите не се познати, како ни понудената цена.
Ценовникот не се однесува само на Парковите на природата или Националните паркови, туку на секоја површина под управа на Хрватски шуми.
Станува збор за ултралуксузен дуплекс апартман на последниот кат на новиот кондо – хотел Regent Porto Montenegro, на корисна површина од 603 метри квадратни. Заедно со терасите има преку 650 квадрати и се продава по цена од седум милиони евра.
Српската влада во понеделник ќе усвои четири економски мерки со кои ќе ја подигне економијата, ќе го зголеми бројот на вработени, ќе ја подобри инвестициската клима и ќе обезбеди подобри услови за купување на станови.