Според Капо, многу се зборува дека треба да се поддржи домашното производство, но никој не кажува како да се пласира домашната стока, па единствено во БиХ се случува на полиците во продавниците да има повеќе увозни отколку домашни производи.
Нова љубљанска банка (НЛБ) поради тешката ситуација во која се наоѓа, до крајот на годината ќе мора да почне со процесот на реструктуирање, што подразбира и намалување на бројот на вработени, пред се во Словенија и Србија.
Без оглед на тоа со кој конзорциум на крајот ќе биде потпишан договорот, ова ќе биде најголема далекуисточна инвестиција во Хрватска. Се проценува дека инвестицијата во Пломин ќе изнесува меѓу 800 милиони и една милијарда евра.
Во периодот од јануари до март, ФАС од Крагуевац извезе автомобили во вредност од 374,8 милиони евра и е на прво место на листата 15 најголеми српски извозници.
Сплит ова лето нема да го добие првиот бостел – брод кој од мај до октомври требаше да биде врзан во градското пристаниште и да служи како хостел.
На социјалните мрежи и на паметните телефони ќе биде достапна апликација за електронски ќебапи
Институтот Михајло Пупин ќе го претстави својот подвижен роботизиран соларен електро – генератор, ќе биде демонстриран робот за чистење на вентилација, робот за заварување, како и други индустриски роботи и еден кој игра “еден на еден” против човек.
Новата рата на која сметаа во БиХ требаше да изнесува 47,5 милиони евра.
Работењето на Атлантик бизнис Група во првиот квартал беше одбележано со почетокот на диструбицијата на портфолиото на Унилевер на хрватскиот и словенскиот пазар.
Владата на Србија вчера донесе одлука во министерствата, посебните организации и служби на Владата, правосудството и јавните агенции, работното време наместо од 8.30, да започнува во 7.30 и да завршува во 15.30 часот.
Таквата мала искористеност на фондовите покажува дека Хрватска, и покрај постојаните предупредувања, не се подготвила доволно за користење на тие фондови. Просекот на искористеност на ниво на ЕУ е трипати повисок од хрватскиот, односно 67%.
Продажниот центар на Ikea во Загреб веќе се гради и треба да биде отворен на крајот на летото. Ikea е во преговори за купување на земјиште и во Љубљана.
Олеснувањата ќе важат и за странските и за домашните инвеститори.
Според ICBC, овој договор ќе им ги овозможи сите потребни услуги на клиентите од двете земји, со цел ефикасни и навремени трговски трансакции меѓу кинески и турски компании.
Управата на хрватската компанија Подравка одлучи да ја докапитализира фармацевтската компанија Белупо со 11,3 милиони евра, со што ќе создаде услови за понатамошен раст и инвестициски циклус.
Според британското истражување, пиво во кафуле или бар во Сончев Брег чини 0,8 евра. Вечера за двајца со мезе, главно јадење, десерт и шише вино чини 27 евра, а ручек со две јадења без пијалоци - 8,7 евра.
Патниците на Air Serbia од 1 мај ќе можат во економската класа бесплатно да пренесат еден куфер со максимална тежина од 23 килограми, а во бизнис класата два со тежина до 32 килограми секој.
Според оценката на Здружението, таквите одлуки ја влошуваат инвестициската клима во Хрватска за странски, меѓународни компании, кои ќе ги земат во предвид алтернативно разгледуваните земји за своите инвестиции.
Аман Свети Стефан во понудата има 58 апартмани, 50 на островот и осум во вилата Милочер.
Целата инвестиција за производство на новото Twingo изнесува 450 милиони евра, а државата за тоа издвои 22,5 милиони евра субвенции. При изработка на новиот модел, 30% од потребните делови ќе се изработуваат во Словенија.
Мандаторот за новата српска влада, Александар Вучиќ, најави приватизација на Телеком Србија во првите 100 дена од работата на владата.
За руските гости, хотелското сместување, рестораните, кафулињата, продавниците... во Хрватска се за 10% до 12% поскапи отколку, на пример, во Шпанија. За разлика од Грција, Хрватска е поскапа 18%, а 5% е поскапа дури и од Италија
Минатата година во Бугарија загинаа неколку странски туристи откако стана популарно да се скока од тераса на тераса или од тераса во базен.
Копачките што на своите нозе на 12 јуни на отворањето на СП во Бразил ќе ги носат Нејмар и Лука Модриќ, ќе го носат потписот на Денис Дековиќ.










