Ценовникот не се однесува само на Парковите на природата или Националните паркови, туку на секоја површина под управа на Хрватски шуми.
Станува збор за ултралуксузен дуплекс апартман на последниот кат на новиот кондо – хотел Regent Porto Montenegro, на корисна површина од 603 метри квадратни. Заедно со терасите има преку 650 квадрати и се продава по цена од седум милиони евра.
Српската влада во понеделник ќе усвои четири економски мерки со кои ќе ја подигне економијата, ќе го зголеми бројот на вработени, ќе ја подобри инвестициската клима и ќе обезбеди подобри услови за купување на станови.
Некогаш беше симбол на луксузот, а сега е еден од ретките необновени хотели во Дубровник. Овој комплекс се протега на 45.000 метри квадратни во елитниот дел Плоче. Се проценува дека по 20 години пропаѓање, хотелот ќе треба потполно да се урне.
Извршниот директор на ЕБРД за регионот Југоисточна Европа, Жан Марк Петершмит наведува дека евентуалната приватизација на Телеком Србија сосема сигурно би привлекла голем број на купувачи и дека во процесот би учествувала и ЕБРД.
Градоначалникот на Марибор, Андреј Фиштравец, предложи вчера туристичката компанија Похорје, која управува со хотелите и жичниците на најголемиот словенечки ски центар, да дојде во сопственост на градот, за да не оди во стечај.
Трите најголеми компании во регионот, Агрокор, Атлантик група и МК група, најавија дека во следниот период ќе вработат неколку стотини млади кадри. Најбарани се, како што велат, ИТ, економисти, инженери, касиери, производни профили...
На најголемиот форум за претприемништво и иновации во ЈИЕ, Balkan Venture Forum (BkVF), 50 компании од Балканот ќе добијат можност да ги претстават своите проекти и идеи пред локални, регионални и меѓународни инвеститори.
Министерот за труд и социјална политика на Хрватска, Мирандо Мрсиќ, рече дека Владата, преку поддршка на овој закон, ќе спаси 2.000 работни места.
Новата реклама на турскиот национален авиопревозник Turkish Airlines, главниот спонзор на Евролигата, во која големите кошаркарски имиња се забавуваат во базенот, е снимена во 22 обиди.
Секој граѓанин на Косово и Прешево ќе може да се вработи во Албанија, без притоа да мора да извади дозвола за работа
Австриската медиумска група Styria одлучи да ја згасне словенечка Журнал медиа, компанија која ги издава бесплатните весници Журнал24 и Журнал, како и интернет страната zurnal24.si.
Почна доставата на Ikea производите за продажниот центар во Загреб, а полниот асортиман од околу 9.500 артикли ќе биде достапен кон крајот на летото оваа година.
Инвеститорите од ОАЕ сакаат да инвестираат во Србија, а најмногу ги интересира земјоделството, туризмот, фармацијата и новите технологии - ИТ секторот
Швајцарија ќе стане седмата земјата по Хрватска, Србија, БиХ, Косово, Македонија и Албанија, во која работи PharmaS.
Сопствениците на еден од најголемите и најуспешни компании во Турција, Коч Холдинг, се најголемите даночни обврзници во земјата.
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ вчера до смени министерот за финансии, Славко Линиќ и на негово место го предложи неговиот заменик, Борис Лаловац.
На корисниците им овозможува на телефонот да снимат фотографија од печатеното издание и потоа со помош на апликацијата да пронајдат фотографија, видео снимка, сличен напис и други мултимедијални содржини поврзани со текстот.
Најмногу странски работници доаѓаат од Србија - 43,93%, БиХ 21,08%, Русија 13,71% и Македонија 6,66%. Најмалку се барани луѓе со вишо и високо образование, само 5,5%.
Станува збор за реконструкција на производна хала и поставување на современа опрема за производство на овошни сокови, безалкохолни пијалоци, алкохолни пијалоци и мармалад, како и модерна опрема за производство на кечап и мајонез.
Водечките хрватски банки се уште работат позитивно, но добивката во првите три месеци им е се поскромна. Притисната со лошите кредити, добивката е помала за 20% до 30% во однос на истиот период минатата година.
Главната идеја за производство на енергија со помош на остатоците од овој силен антиоксиданс е добивање на биогас од нивното согорување.
Лукшиќ при посетата на ОАЕ разговарал со претседателот на Etihad Airways, Џејмс Хоган, за можност за соработка меѓу двете компании.
Со новиот закон ќе биде забрането и огласување преку телефон или електронска пошта без претходна согласност на потрошувачот, како и наметливо однесување на трговците.










