Секоја година преку 32.000 луѓе ја напуштаат Србија, а најмногу од нив одат во Германија, околу 9.000. Австрија е втората ветена земја, а Словенија третата најпожелна “втора татковина” за Србите.
Граѓаните на Србија плаќаат најевтина струја во југоисточна Европа, а електричната енергија во оваа земја е напола поевтина отколку во земјите во регионот, покажува мини истражувањето на агенцијата Анадолија.
Најбарани професии на босанско-херцеговскиот пазар на труд се оние што се врзани со ИТ секторот, односно најпожелни се дипломирани инженери по информатика, електроника и телекомуникации.
Ниското ниво на инвестиции како и прекумерната задолженост на бугарските компании остануваат главни проблеми на бизнисот во 2012 година, а се очекува да се задржат и во текот на 2013 година.
Повеќето претприемачи во Хрватска сметаат дека нивната деловна ситуација е лоша (46,1%), со ситуацијата се задоволни 35,9%, а на оние на кои добро им одела работата во ноември се 18%, покажува Хендал – Лидеровиот индекс на деловен оптимизам (HLIPO).
Владата на Србија одлучи на почетокот на 2013 година да објави меѓународен тендер за продажба на фармацевската компанија Галеника, изјавија денес од Министерството за финансии и економија.
Директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард најави дека на почетокот од следната година ММФ треба да ја заврши ревизијата на сопствениот пакет помош за Грција.
Атина ќе добие 34,3 милијарди евра во наредните денови, одобрија министрите за финансии од еврозоната. За Грција ќе бидат одделени 49,1 милијарди евра финансиска помош.
По скоро 10 години, британската авиокомпанија British Airways повторно лета на директната линија Загреб – Лондон. Секојдневно, авионите од типот Ербас А319/А320 ќе ја поврзуваат британската метропола со хрватскиот главен град.
Во ноември месец во Србија немало инфлација, додека во однос на истиот месец минатата година достигнала 11,9%, соопшти Републичкиот завод за статистика.
Според истражувањето спроведено од агенцијата Валикон за силата на брендовите на целото подрачје на поранешна Југославија, Милка е најдобар бренд.
Управата на словенечкиот трговски ланец Меркатор ги информираше членовите на Надзорниот одбор за намерата да се повлече од пазарите во Бугарија и Албанија.
Припадниците на српската криминалистичка полиција утрово приведоа десет лица, меѓу кои се најбогатиот Србин, сопственикот на Делта холдинг, Мирослав Мишковиќ, сопственикот на фирмата Мера инвестмент фонд, Марко Мишковиќ и сопственикот на Нибенс група, Шер корпорација и ПТП Ниш, Мило Ѓурашковиќ.
Од 1 јануари 2013 година веќе нема да се прекинуваат играните филмови и сериите со економско пропагандни програми, иако според законот е дозволено да има еден блок реклами за време на траењето на филмот.
Иако имињата на потенцијалните купувачи се држат во строга тајност на ниво на највисокиот менаџмент, од консултантски кругови весникот неофицијално дознава дека интересот за целата група е помал од очекуваното, но за филијалите во Хрватска и Србија е поголем од она што се надевале.
Интернетот е главна, ако не и единствена причина за забошотување на работа. Имено, сите вработени наведуваат дека дел од работното време минуваат сурфајќи на интернет.
Според предвидувањата, програмата за откуп на дел од огромниот грчки јавен долг, која беше услов за продолжување на кредитирањето од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд, завршува денес.
Според проценките на косовската влада, за да се изгради автопатот кој Косово го поврзува со Македонија потребни се 793 милиони евра.
Унгарски Мол ги негира пишувањата на некои хрватски медиуми дека води преговори за продажба на акциите во Ина, оценувајќи ги како потполно неосновани гласини.
Српската фармацевтска компанија Хемофарм од Вршац е добитник на наградата за најдобар извозник на годината што ја доделува Агенцијата за промоција на извозот и странски инвестиции (СИЕПА).
Coca Cola HBC Хрватска објави дека постепено ќе ги затвори погоните за полнење вода во Готаловац, каде што се полни водата Бистра, а ќе започне програма за пренасочување на работите поради зголемување на конкурентноста и зачувување на стабилноста.
Кинески, руски и украински работници се на врвот на листата странци што добиле работни визи минатата година, соопшти турското министерство за труд.
Хрватските градежни компании на почетокот на следната година би требало да започнат со изградба на сала за светското првенство во ракомет што во 2015 година ќе се одржи во Катар.
Германската компанија Bauhaus го откажа договорот со српската компанија Delta Real Estate. Договорот што го имаше една од водечките европски компании во сегментот “направи сам” беше врзан за изградба на првиот објект во Србија.