Египет би можел да постави безбедносни камери на местата каде што има туристи за да ги одврати милитантите од напади врз посетителите, изјави портпаролот на министерството за внатрешни работи Хани Абдел Латиф.
Во пожар кој во текот на ноќта избувнал во текстилна фабрика во предградие на Дака, Бангладеш, загинале најмалку девет лица, од кои тројца се менаџери.
На предната страна на редизајнираната банкнота се наоѓа ликот на Бенџамин Френклин, а на задната Салата на независноста во Филаделфија.
Последниот негативен резултат е последица на неуспешниот обид со моделот HTC One да вратат дел од корисниците. Според аналитичарите, иако продажбата оди солидно, тоа не е доволно да се поправат финансиските резултати, затоа што маркетинг и производствените трошоци ги надминуваат приходите од продажбата.
Потенцијалните купувачи особено се заинтересирани за високо заштитените сервери и портфолиото на патенти на BlackBerry, иако постои сомнеж околу вредноста на имотот, велат извори за Ројтерс.
Меѓу украдените информации се имиња на купувачи, шифрирани броеви на кредитни или дебитни картички, дата на нивното истекување и останати информации за нарачки.
Акциите на производителот на електрични автомобили Tesla Motors паднаа за 6,2%, откако на интернет се појави снимка од пожар на еден од нивните автомобили на автопат во близина на Сиетл.
Картичката ќе се интегрира со Visa, а Occupy Money Cooperative ветува дека најголемиот дел од приходот ќе се слева кај нив, помалку кај Visa.
Во Ројтерс се вработени околу 2.800 новинари глобално, а отпуштањето ќе почне следниот месец.
Инвеститорите се загрижени дека претседателската улога на Гејтс како челник на управниот одбор ја блокира адаптацијата на нови стратегии и дека ќе го ограничи новиот генерален директор да направи значителни промени.
Индиските власти ги замрзнаа активите на финската компанија Нокиа поради даночен спор што оваа компанија го води со владата во Њу Делхи.
Крајслер поднесе барање до надлежното тело во САД за започнување на процес на иницијална јавна понуда (ИПО), односно прва јавна понуда на обични акции на оваа компанија.
Белата куќа им нареди затворање на американските владини агенции откако Конгресот не успеа да постигне компромис околу буџетот пред полноќ по американско време.
Apple по цели 13 години ја симна Coca Cola од првата позиција на листата највредни брендови, покажува најновото истражување на Интербренд.
Кубанските власти ја проширија листата дозволени професии во приватниот сектор, како дел од економските реформи што во 2010 година почна да ги спроведува претседателот Раул Кастро.
Опцијата ќе се активира во моменти на кризи и катастрофи и ќе служи како средство за информирање за опасности, ќе дава упатства за преживување, информации за евакуации и ќе ги наведува граѓаните на безбедни локации.
Француската компанија Тотал и швајцарската Етрион објавија дека во Чиле ќе ја градат најголемата соларна електроцентрала во светот. Трошоците за овој проект под име Салвадор се проценуваат на околу 200 милиони долари.
Со цел да се отстранат навредливите или бескорисни коментари под видеата и да се подобри нивниот квалитет, Google, како сопственик на YouTube воведува нови алгоритми на прикажување и рангирање.
Земјата ќе се користи еден дел за садење, а другиот дел за одгледување на свињи. Се што ќе биде произведено ќе им се продава на кинеските државни компании по поволни цени.
Куќите ќе се испорачуваат во четири картонски кутии тешки 100 килограми. Деловите ќе можат да се монтираат без употреба на дополнителен алат. На покривот има помала соларна плоча, која обезбедува струја за светилка и УСБ приклучок.
Канадската компанија BlackBerry ја прифати понудата за 4,7 милијарди долари да биде продадена на најголемиот акционер Fairfax, кој веќе поседува 10% од акциите.
Руската државна компанија Ростех се согласи да продаде скоро половина од концернот за производство на оружје Калашников на двајца бизнисмени. Андреј Бокарев и Алексеј Криворучко ќе добијат 49% од компанијата за 75 милиони долари.
Apple соопшти и дека нивниот нов оперативен систем за мобилни iOS 7 веќе е инсталиран на преку 200 милиони уреди.
Десетици илјадници текстилни работници во Бангладеш излегоа на улиците барајќи минимална месечна плата од 100 долари.