Откако во млечните производи, кои новозеландската компанија Фонтера ги дистрибуираше на кинескиот пазар беше пронајдена опасна бактерија која предизвикува ботулизам, таа упати длабоки извинување на Кина.
За да опстанат на пазарот, произведувачите почнаа да произведуваат апарати со повеќе можности, но и да ги качуваат цените.
Во три фабрики на партнерот Pegatron на оваа компанија работат малолетници, а неделно се работи во просек 69 часа. Притоа, хигиената е на ужасно ниско ниво. Истражителите на CLW во фабриките работеле прикриено.
Според податоците што компанијата Google редовно неделно ги објавува, сопствениците на авторски права од почетокот на годината побарале да се тргнат преку 100 милиони URL линкови од пребарувачот.
Американската маркетинг агенција Omnicom и француската Publicis ќе се спојат во една, најголема маркетинг фирма на светот, вредна 35,1 милијарди долари.
Според некои проекции, Twitter денеска вреди преку девет милијарди долари.
Приходите на компанијата достигнале 35,3 милијарди долари, додека во истиот период лани изнесувале 35 милијарди долари. Растот на приходите се должи на растот на продажбата на iPhone на пазарите во САД за 51%, а во Јапонија за 66%.
Yahoo не беше толку заинтересиран за услугите на оваа компанија, колку за купување на нејзините талентирани вработени, коментираат аналитичарите.
Детроит, колевката на американската автомобилска индустрија и некогаш четврти град по големина во САД, поднесе барање за банкрот. Со тоа некогашниот град на економски просперитет стана најголем град во американската историја што банкротирал.
Coca Cola во вториот квартал од оваа година оствари нешто помал профит и приход во споредба со истиот период минатата година, пред се поради економската ослабеност на Европа и Кина, но и лошите временски услови во светот.
Европската комисија ја разгледува можноста за намалување на високите надоместоци на трансакциите на дебитните и кредитните картички кои претставуваат завиден приход на компаниите за картички како Visa и MasterCard, пишува Financial Times.
Најголемите ланци како InterContinental Hotels Group (IHG), Holiday Inn Express, Marriott, Hilton, Radisson, Sheraton, Ritz-Carlton забрзано отвараат хотели во Москва и Санкт Петербург.
Портпаролот на Google го потврди одложувањето, велејќи дека сакаат новиот кампус да го направат одлично, еколошки одржливо место и за да бидат сигурни дека ќе го добијат тоа што го сакаат, многу се внимателни во процесот на дизајнирање.
Кина ќе вложи 42 милијарди долари во изградба на тунел под Бохајско море за да ги поврзе источните и североисточните региони.
Катар планира да инвестира преку 200 милијарди долари во организација на Светското првенство во фудбал 2022 година.
Европската унија изрече парични казни од 141 милиони евра за компаниите кои доставуваат делови за Toyota, Honda, Nissan и Renault поради здружување и одредување на цените за елекстронските ситеми, соопшти Европската комисија.
Јавното обвинителство го обвинува Apple дека се договарал со пет издавачи да ги подигне цените на е-книгите и да ја намали доминацијата на Амазон на пазарот.
За три години, Русија ќе ја добие првата пловечка нуклеарна централа која ќе може да ги снабдува со енергија тешко достапните реони, како и со вода за пиење во сувите области.
Водечките светски модни ланци објавија дека во идните девет месеци ќе им овозможат пристап на инспекциите до своите погони во Бангладеш според договорот со синдикатите.
America Movil, телекомуникациската компанија на најбогатиот човек на светот, Карлос Слим, ќе инвестира 40 милиони долари во британската компанија Shazam, позната по мобилни апликации за препознавање на музика.
Huawei и China Mobile го покрија Монт Еверест со 4Г мрежа. Сега алпинистите на 5.200 метри надморска височина ќе можат да се јавуваат во живо и да ја споделат прекрасната глетка, благодарение на достапноста до LTE TDD 4G безжичната технологија.
Истанбулската берза (Borsa Istanbul) и американската Nasdaq OMX Group потпишаа договор за партнерство според кој американската компанија ќе и обезбеди на турската страна технологија потребна да се развие во регионален финансиски центар.
По гасењето, сите обиди да се влезе на оваа страница ќе бидат пренасочени кон главната страница на Yahoo.
Компанијата Ford објави дека е произведен седум милионитиот Transit, популарно комерцијално комбе кое за прв пат беше лансирано во 1965 година во Европа, а сега е проширено на 118 пазари.