Финансиски детали за аквизицијата не се објавени. Microsoft најави дека сервисот ќе го интегрира во својата Office 365 услуга.
Ентериерот е минималистички со бели столчиња, бар масички, места за одмор и долга централна маса што се протега низ целиот простор.
Мостот беше комплетиран во декември 2015 година, неговата должина изнесува 430 метри, висина 300 метри, широк е шест метри, а цената за неговата изградба чинеше 3,4 милиони долари.
Причината поради која овој малечок уред функционира е тоа што молибденот дисулфид е еден вид фотокатализатор што ослободува електрони што пак овозможуваат во водата да се случат хемиски реакции.
Во собата ќе може да се отседне и без користење на струја, вода или греење и тогаш цената ќе биде само два долара. Гостинот ќе добие чиста соба со кревет и бесплатен Wi-Fi.
Перничето е креирано така што не го покрива екранот на патникот зад вас во авионот и не мора да се грижите дека на некому ќе му пречи.
За изгледот на главниот канцелариски простор, дизајнерскиот тим работеше заедно со вработените, со цел да создаде место што целосно ќе одговара на нивните потреби.
Kuka важи за модернизатор на германската индустрија и многу политичари изразија двоумење околу преминувањето на ваква стратешки важна компанија во кинески раце.
Она што ја прави оваа апликација уникатна е карактеристиката чук - чук (Knock Knock), која му овозможува на корисникот во живо да го види видеото на повикувачот пред да одговори на повикот.
Базата за полнење е тоа што го прави OvRcharge уникатен производ. Направена е од дрво и има две функции - магнетско лебдење и безжично полнење.
Оние кои сакаат летниот одмор да го поминат во некоја опремена и луксузна колиба или приколка, треба да бидат подготвени и да платат и до 400 долари за едно ноќевање.
Тој направи резервоар во којшто нечистата вода се дестилира и од нејзе ќе се екстрахираат сите штетни материи и сол. Преку неговиот изум секојдневно се филтрираат околу 10 литри вода, што е доволно за пиење и готвење за едно семејство.
Дронот е опремен со 360º 1080p HD камера, технологија за препознавање на ликови и можност за пренос во живо.
ИТ компанијата Intel ќе го преземе стартапот Nervana, со што сака да ја зајакне својата позиција во областа на вештачката интелигенција.
Штом се постави во вода, по секаков вид на движење на водата, се вртат турбините. Движењето на турбините му овозможуваат на генераторот да акумулира енергија.
Компанијата Ethique од Нов Зеланд произведе шампон што не е спакуван во пластична амбалажа, со цел да ја намали употребата на пластични шишиња, а со тоа и пластичниот отпад.
Најголемата пловна ветерна електрана се очекува да почне со работа во 2021 година на брегот на Калифорнија.
Куќата има три спални соби, две бањи и две гаражи. До сега сменила неколку сопственици. Направена е во 1976 година и била целосно бела.
Сензорите се поставуваат на браниците од автомобилот и истите се поврзани со апликацијата, којашто на корисникот му дава точен увид во просторот, додека го паркира возилото на тесен простор.
Наставниците проценуваат дека 20% од американските ученици отсуствуваат од часови поради тоа што немаат чиста облека за на училиште.
Група научници од Јапонија создадоа 3D печатена маска со тркалца за мобилен телефон, којашто му бега од раце на корисникот ако сака да го исклучи алармот.
Летот се очекува да трае околу час и половина, а ќе биде реализиран со турбопропелерски авиони на државната авиокомпанија LADE.
Леталото ќе може да полетува и слетува на копно и вода, а ќе му биде потребна површина од најмалку 1.500 метри должина, 200 метри широчина и 2,5 метри длабочина.
ТЕВ е долг 21 метар и широк околу осум метри, а се очекува да достигне брзина и до 60 километри на час. Еден ваков автобус заменува 40 стандардни автобуси.