Економија

Оценката на раководителите на деловните субјекти е дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје од 2012 година е понеповолна во однос на третото тримесечје од истата година, а поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2011 година.
Во периодот јануари-декември минатата година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесувала 5,345 милијарди денари, што е за 111,8% повеќе во споредба со истиот период од 2011.
Министрите за труд и социјална политика на Македонија и на Косово, Спиро Ристовски и неговиот колега Ненад Рашиќ денеска во Приштина ќе потпишат Договор меѓу двете влади за потврдување на периодите на осигурување за остварување право на пензија.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 24,2%, конкуренцијата во сопствениот сектор со 13,4%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 13,4% и немањето побарувачка со 11,9%.
Министерството за финансии денеска преку аукција на тримесечни државни записи, со и без девизна клаузула, продаде државни хартии од вредност во висина од 8,116 милијарди денари, односно 131,97 милиони евра со каматна стапка од 3,60, односно 3,65%.
На 930 лица ќе им биде дадена можност со државна помош да отпочнат сопствен бизнис. Ова е дел од Програмата за самовработување, за која Агенцијата за вработување денес објави оглас.
Со финансиска поддршка од милион евра, преку низа програми за кои ќе можат да аплицираат невработени лица, Владата на Република Македонија ќе поддржи отворање на 2.000 работни места.
Според НБРМ најновата проекција за растот на македонската економија годинава е 2,2%.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски информираше дека повеќе од 10.000 невработени лица, за еден месец, се пререгистрирале во Агенцијата за вработување, согласно новите законски одредби.
Во ноември минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 20.857 денари и во однос на истиот месец лани таа е зголемена за 0,1%, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.
Според податоците на државниот завод за статистика индустриското производство во декември минатата година, во однос на декември 2011, е намалено за 8%.
Според последните податоци на Управата за јавни приходи новата обврска за поднесување на електронски ДДВ пријави помина успешно.
Според најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој, македонската економија годинава ќе има раст за 1,8%.
Откупот на тутунот во битолскиот дел на Пелагонија, кој наскоро ќе заврши, се одвива без проблеми и според предвидената динамика. Привршува и откупот на тутун во Делчево и Македонска Каменица, иако крајниот рок за преземање трае до 15 март. Во овој регион за разлика од ланската берба, квалитетот на родот...
Собраниската Комисија за економски прашања денеска ја констатира потребата за донесување на измените и дополнувањата на Законот за стандардизација, во прво читање, со кои се создава правен основ за уредување на формата, содржината и примената на промотивниот знак „Македонско сонце“.
Групацијата на Мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи состанок.
Од Бирото за вработување во Прилеп информираат дека во периодот од пет години на спроведувањето на владините програми за поттикнување на вработувањето, во Прилеп со можностите за самовработување преку кредитирање, се вработиле 500 луѓе.
Според податоците што денес ги објави Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември 2012 се повисоки за 0,2% на месечно ниво и за 5,3% на годишно ниво.
Продолжува акцијата на Агенцијата за катастар на недвижности, Отворено со катастарот, преку која граѓаните можат да остварат средби со стручни тимови на Агенцијата, преку кои би се решиле нивните проблеми од областа на катастарот.
Комитетот за оперативна монетарна политика при Народната банка на Република Македонија констатира дека движењата во економијата во државава, од аспект на монетарната политика и натаму се релативно поволни.
Канцеларијата на Светска Банка во Скопје соопшти дека одборот на извршни директори на банката вчера ја одобри гаранцијата за поддршка на комерцијален заем за Владата на Република Македонија во износ од 155 милиони евра.
Македонија денеска целосно ја исплати еврообврзницата земена во 2009 година и со тоа се раздолжи за 183 милиони евра. Со ова е намален државниот долг на 28,5% од БДП.
Годинава Владата на Република Македонија преку Министерството за економија ќе донира 13,37 милиони денари како поддршка за малите и средните претпријатија.
На вчерашната седница на Владата беше одлучено стипендиите за средношколците во Република Македонија за учебната 2012-2013 година да се зголемат за 25%.