Животот и работата не трпат моменти - дали е топло или не е, туку тие треба да си врват.
Менторството ѝ помага на личноста да ги обликува своите верувања и вредности на позитивен начин, од личност која има претходно искуство во конкретната област.
На сите ни се случило да направиме грешки, професионално или приватно. Но, она што нè прави различни, е како реагираме на грешките и како се справуваме со новонастанатата ситуација.
За лесните одлуки веднаш знаеме да пресечеме, но кога ќе се сретнеме со одлуки од огромна важност за нас, за нашата компанија, фамилија, опкружување, понекогаш ни е многу тешко да „пресечеме“.
Доцнењето е многу лоша навика. Тоа е навика која ве карактеризира и приватно и службено. Карактерна особина којашто не се менува лесно, само затоа што дополнително и околината ве карактеризира како личност која доцни.
Кога наоѓаме изговор за нашите постапки или пробуваме да обвиниме друг, тоа не само што нè карактеризира како личност која не презема одговорност, туку и личност која е склона кон неуспех и лаги.
Доколку се најдете во поголем број од горенаведените сигнали, време е за промени.
Имајќи ги предвид принципите за учење, особено оние за учење на возрасни лица, потребата од практика и стиловите на учење, следната фаза во обуката е развивање на обуката според некој од методите на обука.
Многу е важно да ги гледаме работите позитивно. Умешноста е, да научиме како негативните работи да ги гледаме позитивно (да имаме став - да научиме барем нешто).
Сите ние сме почувствувале врз нашиот грб моменти кога баш и не ни се работи. Момент, кога остварувањето на целите се на второ место, едноставно не ни е денот.
За да започнете некој бизнис или да се пробиете на пазарот како нови во бизнисот, покрај тоа што ви се потребни финансии, знаење, тим, истрајност, храброст и сите други елементи и карактеристики, од огромна важност е и поддршката од околината.
Бидејќи целта на секоја обука е учење, односно зголемување или додавање на нови вештини, знаења и способности, многу е важно да се земат предвид соодветни принципи и пристапи на учењето како сложен психолошки процес.
Најчесто, поради пребрзите временски промени што се случуваат, телото не е подготвено да се адаптира, па се појавуваат голем број знаци коишто се манифестираат преку умор, депресија, затвореност, забавеност и слично.
Нашиот нов предизвик е повод и инспирација за овој неделен совет. Преку практичен пример, целта на овој текст ќе биде да ве запознаеме со најважните елементи за влегување на нови пазари.
Дали знаете дека може да си го промените животот доколку правите нешто ново само половина час на ден?!
Што треба една компанија да направи ако открие, преку процесот на due diligence или преку поплака, дека причинила или придонела за негативно влијание врз човековите права?
Во битката за подобрување на резултатите, обуката на вработените и менаџерите станува сè поважна, бидејќи и вработените и менаџерите треба да се адаптираат на промените и мора да ги надградуваат своите компетенции и квалификации.
Дали некогаш ви се случило да кажете така или, пак, кај некого да забележите дека често ја употребува оваа изрека - изговор?!
Колку пати до сега ви се случило да се почувствувате заглавени во секојдневието, рутински да ги завршувате секојдневните домашни и работни задачи и да рефлектирате дека деновите кои изминуваат се исти?
Клучно за мотивираноста на секој вработен и менаџер е прецизно да знае што треба да сработи и како ќе биде мерен, дали и колку го сработил договореното.
Како да ви кажам, со немање или намалено трпение, само уште повеќе придонесуваме на сè поголем број расправии, дополнителни нервози, кавги, викање, па и тепачки. Секој ден слушаме за вакви приказни и никако да ни дојде памет.
Предноста на наградувањето е во тоа што точно знаеме како треба да се однесуваме, за разлика од казната со која добиваме информација како не треба, а не и како треба.