Кои се петте компании во земјата со највисока добивка за девет месеци?

335

Три банки, една телекомуникациска и една од рударскиот сектор во земјава се петте најпрофитабилни компании во текот на деветте месеци од оваа година.

Според податоците на Македонска берза, највисока добивка во периодот јануари – септември оствари Стопанска банка од 1.730.218.000 денари. Зад нејзе е НЛБ Банка со прокнижена добивка од 1.455.738.000 денари, а на трето место се најде Македонски Телеком со деветмесечен профит од 1.432.509.000 денари. Најпрофитабилната петорка ја заокружуваат Комерцијална банка со добивка од 1.432.509.000 денари и Мермерен Комбинат од Прилеп со 820.256.000 денари.

Од вкупно 98 компании коишто котираат на Македонска берза, во периодот јануари – септември оваа година, 76 од нив остварија вкупна добивка од 11.317.328.769 денари.

Според податоците, истиот период лани, 70 од котираните компании прикажале вкупна деветмесечна добивка од 13.043.950.959 денари, што е разлика од 13,24%.

Заклучно 30-ти септември оваа година, 20 од котираните компании генерираа вкупна загуба од 629.658.594 денари, додека истиот период лани вкупната загуба на 28 компании беше на ниво од 881.678.797 денари.

Меѓу компаниите што во забележаа најголема загуба во деветте месеци од оваа година се: АрцелорМиттал (ЦРМ) со 303.679.205 денари, ЗК Пелагонија со 175.777.000 денари и Сковин со 25.342.000 денари.

Фото: Pixabay