Кој е најголемиот извозен адут на земјава?

137

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта  и фероникелот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во увозот најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во јануари 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Кина, Србија и Грција.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2020 година, изнесува 457.194.000 евра и бележи пораст од 10,1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 572.750.000 евра, што е за 0,5% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2020 година, изнесува 115.556.000 евра.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2020 година, изнесува 79,8%.

Фото: Pexels