Колку е просечната нето плата во јануари

64

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во јануари 2020 година, изнесува 27.540 денари, додека во бруто износ е 41.087 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, е зголемена за 12,3%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,7%), Уметност, забава и рекреација (18,1%) и Транспорт и складирање (16,4%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,6%), Транспорт и складирање (12,9%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (9%).

Фото: Pixabay