Комерцијална банка ги намали каматите на денарските штедни влогови

28

Комерцијална банка, од први ноември, изврши намалување на каматните стапки за денарски штедни влогови со прилагодливи каматни стапки (отворени пред 01.10.2017 година), орочени на 12 месеци, 24 месеци и 36 месеци, за 0,30 проценти поени, стои во соопштението.

Банката не ги намали каматните стапки на штедните влогови за кои клиентите имаат склучено договор по 01.10.2017 година (договори со фиксни и со променливи каматни стапки).

Штедачите со денарски штедни влогови со прилагодливи каматни стапки (отворени пред 01.10.2017 година) имаат можност да склучат нов договор со фиксни или со променливи каматни стапки на ист или на подолг рок на орочување, без загуба на камата до денот на склучување на истиот. Притоа, со новиот договор ќе важи нов рок на орочување.

Оваa трансакција може да се направи експозитурите на банката во Скопје, како и во екпозитурите и филијалите низ Републиката.

Исто така, почнувајќи од 01.11.2018 година се воведува можност за орочување на денарски штедни влогови на 24 месеци и 36 месеци и со фиксна каматна стапка од 1,65% и 1,95%, респективно.