Комерцијална банка нуди кредити без надоместоци и со најниски каматни стапки на пазарот

22

komercijalna banka

Почнувајќи од денеска, Комерцијална банка АД Скопје обезбедува станбен и потрошувачки кредит со најповолни услови на пазарот.

Станбениот кредит е со каматна стапка од 4,85% годишна, фиксна за првите пет години и 6,65% годишна променлива каматна стапка за остатокот на периодот за отплата на кредит со ЕУР клаузула.

Потрошувачкиот кредит е со 6% годишна фиксна каматна стапка за првата година и 7,65% годишна променлива за остатокот на периодот на отплата за кредитот до 10.000 евра со ЕУР клаузула.

Банката продолжува и со промотивниот период за одобрување и администрирање без надомест на сите новоодобрени потрошувачки и станбени кредити со ЕУР клаузула до 31.12.2014 година.

За сите новоодобрени потрошувачки кредити со ЕУР клаузула во промотивниот период од 01.07-31.12.2014 година, нема да се наплатуваат трошоци за одобрување и администрирање. Без надомест за одобрување и администрирање и без трошоци за процена на вредноста на инструментот за обезбедување, Банката овозможува и за сите новоодобрени станбени кредити со ЕУР клаузула, во промотивниот период од 01.07 – 31.12.2014 година.

За одобрен потрошувачки кредит наменет за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити во Банката, како и за одобрен станбен кредит наменет за рефинансирање на постоечки станбен кредит во Банката ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката.