Комерцијална банка со 1,9 милијарди денари ја заврши 2020 година

68

Комерцијална банка, во период од први јануари до 31-ви декември 2020 година, оствари добивка од 1.939.134.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, банката прикажа добивка од 1.826.825 денари.

Заклучно 31-ви декември 2020 година, нето приходите од камата достигнаа 2.420.555.000 денари, додека една година претходно изнесуваа 2.404.765.000 денари.

Нето приходите од провизии и надоместоци, заклучно 31-ви декември 2020 година, изнесуваат 957.037.000 денари, а една година претходно 998.984.000 денари.

Консолидираниот неревидиран биланс на успех и биланс на состојба на Банката за периодот 01.01-31.12.2020 година се состои од билансот на успех и билансот на состојба на Комерцијална банка АД Скопје и билансот на успех и билансот на состојба на подружницата КБ Публикум инвест АД Скопје – Друштво за управување со инвестициони фондови, претставени како биланс на успех и биланс на состојба на едно правно лице.

Фото: Pixabay