Котација на државни обврзници во вредност од 900 милиони денари

36

Од 10-ти овој месец, на официјалниот пазар на Македонска берза на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државни обврзници.

Карактеристики на овие обврзници се:

Вид на хартија од вредност: државни обврзници со девизна  клаузула
Вредност на емисијата: 900.010.000 денари
Број на издадени хартии од вредност: 90.001
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 денари
Датум на издавање: 06.08.2020
Датум на достасување: 06.08.2050
Каматна стапка: 4,10%
Датум на исплата на камата: еднаш годишно почнувајќи од 06.08.2021
Шифра на тргување: M060850D
ИСИН: MKMINF20GU10