Kuehne + Nagel издаде две обврзници вредни 400 милиони швајцарски франци

18

Kuehne + Nagel International AG издаде две обврзници во вкупна вредност од 400 милиони швајцарски франци, со коишто компанијата ќе го финансира своето работење.

Првата обврзница има фиксен принос од 0,02% и рок на достасување од три години и пет месеци, односно на 18-ти ноември 2022 година, во износ од 200 милиони швајцарски франци. Втората обврзница има фиксна камата од 0,20% и рок на достасување од шест години, односно на 18-ти јуни 2025 година, исто во вкупен износ од 200 милиони швајцарски франци.

“Издавањето на овие обврзници ќе му овозможат на Kuehne + Nagel да ги искористи актуелните атрактивни каматни стапки за да ја оптимизира финансиската структура, додека во исто време ја зајакнува својата стратешка флексибилност. Ова за нас е дополнителна можност да ја зајакнеме нашата стратегија преку швајцарскиот пазар на капитал“, изјави Маркус Бланка Граф од Kuehne + Nagel International AG.