Македонија АД Битола прокнижи загуба од 6,9 милиони во првото полугодие

25

makedonija ad bitola

Акционерското друштво за угостителство, туризам и трговија Македонија – Битола во првото полугодие од 2015 година прикажа загуба од 6.933.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата работеше со загуба од 3.621.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Македонија – Битола се на ниво од 29.026.000 денари, додека во првите шест месеци од 2014 година тие имаа вредност од 32.313.000 денари.