Македонски Телеком со добивка од 1,1 милијарди денари за девет месеци

18

telekom-logo

Деветмесечниот биланс на успех на Македонски Телеком покажува дека компанијата работеше со добивка од 1.159.237.000 денари.

Во периодот јануари – септември лани, добивката на компанијата беше на ниво од 713.693.000 денари.

“Движењата на страната на приходите и трошоците резултираа со зголемување на нето добивката за првите девет месеци од 2017 година за 62,4% во споредба со истиот период од претходната година, што резултираше во нето добивка од 1.159.237.000 денари“, стои во Образложението за работата на Македонски Телеком.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – септември оваа година, беа на ниво од 7.657.115.000 денари. На домашен пазар реализацијата изнесуваше 7.055.436.000 денари, додека на пазари во странство беше на ниво од 601.679.000 денари.

Приходите од продажба во првите девет месеци од оваа година, како што стои во Образложението, се намалени за 2,2% во споредба со истиот период од претходната година.