Макпрогрес Виница позитивен пример за еколошка и општествено одговорна компанија

113

1

Свеста за зачувување на животната средина расте, а компаниите во Македонија бараат начин да станат еколошки препознаени. Макпрогрес Виница е позитивен пример за општествено одговорна компанија која голем дел од отпадот што го создава го селектира и рециклира преку системот на Пакомак.

Покрај тоа во изминативе години компанијата направи инвестиции со цел замена на погонското гориво кое го користи во производниот процес. Пристапи кон примена на течен нафтен гас и со тоа драстично допринесе кон заштита на животната средина бидејќи гасот е многу поеколошко гориво во однос на нафтата. Беа реализирани и низа други мерки за подобрување на производството, намалување на празните одови, редуцирање на технолошкиот отпад, како и мерки за целосно рециклирање на амбалажите од хартија, метал и пластика.

“Уште од своите почетоци, Макпрогрес има јасна определба да вложува во заедницата каде што работи и живее, а заштитата на животната средина отсекогаш била приоритет. Со имплементирање на деловната стратeгија за еколошки развој РРР – Редуцирај, Рециклирај, Реупотреби, како и со преструктурирање на Макпрогрес, постигнавме позитивни резултати од кои јас лично сум многу задоволен, а со што го намаливме значително своето негативно влијание врз животната средина. Чистата животна средина е поврзана со секој аспект на нашето живеење, а долгорочно гледано и со нашиот опстанок”, изјави Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес Виница.

2

“Да се биде дел од системот на Пакомак подразбира прифаќање на одговорноста за зачувување на животната средина и висока еколошка свест на секоја компанија членка на системот. Пакомак пет години по ред ги остварува националните цели, континуирано инвестира во комунална инфраструктура и реализира едукативни кампањи за подигнување на еколошката свест кај јавноста. Во досегашното работење преку системот на Пакомак се собраа и преработија вкупно 50.162 тони амбалажен отпад, којшто се состои од хартија, пластика, стакло, композит, метал и дрво”, изјави Ико Брдаровски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Макпрогрес е проактивна општествено одговорна компанија која секојдневно поддржува и инвестира во многу проекти кои се во делот на севкупното живеење како спорт, култура, образование и екологија. Компанијата е добитник на националната награда за општествено одговорни компании доделена од Министерството за економија на Р. Македонија.