Макстил со добивка од над 16 милиони денари во 2019 година

144

За Макстил минатата година заврши со вкупна сеопфатна добивка од 16.112.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата достигна вредност од 4.301.000 денари.

“Добивката пред оданочување во извештајниот период е 19,3 милиони денари и е речиси три пати повисока од остварената во 2018 година, додека нето добивката изнесува 16,1 милиони денари и е повеќе од триплирана од остварената во минатата година“, стои во Образложението на остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември лани, изнесуваа 5.249.772.000 денари. Поголемиот дел од тој износ или 4.295.383.000 денари е остварен на пазари во странство, а остатокот од 954.389.000 денари на домашен пазар.

“Во извештајниот период се остварени приходи од работење во износ од 5,3 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури  99,5%. Споредено со 2018 година, остварените приходи од работењето (6,6 милијарди) се помали за 20,4%. Покрај  разликата во испорачаните количини и поповолните ценовни односи, во извештајниот период е евидентна и разлика и во структурата на испораките во полза на поголемо учество на сопствените продажби за сметка на испораките по основ на договори  за преработка“, стои подолу во Образложението.

Фото: Pixabay