Министерство за финансии: Нема промени во оданочувањето на дознаките

20

pari5

Фото: Pexels

Со предложените измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, се прави понатамошно усогласување со европското законодавство во делот на даночната евиденција.

Со овие измени се овозможува УЈП да има покомплетна евиденција на сите приливи, независно од нивното потекло како и зајакнување на борбата против даночното затајување. Притоа, предложените измени не претставуваат никаква промена на даночната политика, односно не претставуваат оданочување на дознаките.

Ова значи дека и понатаму ќе се применува постоечкото законодавство според кое приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат, додека дел од останатите приливи и понатаму ќе бидат предмет на оданочување, како на пример приливи по основ на извршена услуга, стои во соопштението на Министерството за финансии.