МПС, најстарата приватна банка во светот е „безвредна“

20

Агенцијата за кредитен рејтинг Moody го намали кредитниот рејтинг на италијанската банка Monte dei Paschi di Siena (МПС), на статус „безвредно“, поради загриженост дека плановите на италијанската влада за докапитализација од 1,5 милијарди  евра на најстарата банка (создадена 1472) во Италија и светот нема да бидат од полза поради големите банкарски шпекулации.

Рејтингот на МПС се намали за две нивоа и сега е на Ба2, рејтинг кој не препорачува вложувања. Ваквиот став на Moody се оправдува со неможноста на банката да ги пласира средствата на пазарот на капитал поради моментално слабите врски со светскиот пазар на капитал.

Банката Monte dei Paschi di Siena во моментот вработува 7.000 работници, но според последните информации до крајот на 2013 се планира отпуштање на 2.400 работници.