Над 63% од приходите на рекламните агенции од комплетна изработка на реклами

31

Во 2019 година, претпријатијата со над 20 вработени што биле ангажирани во набљудуваните деловни услуги оствариле над 90% од прометот со обезбедување специјализирани услуги за кои се регистрирани, освен претпријатијата ангажирани за обезбедување проектантски услуги (84,1%).

Во однос на седиштето на деловниот субјект за кој е извршена деловната  услуга, малку повеќе од половината, односно 50,8% од прометот е создаден со обезбедување услуги за домашните купувачи, 30,8% во некоја од земјите на ЕУ, а во останатите земји се реализирани 18,4% од вкупниот промет.

Претпријатијата регистрирани за компјутерски услуги реализирале најголем промет од услугите наменети за странски клиенти (67,9%), од кои 44,1% за некоја од земјите на ЕУ. Според видот на услугата, прометот бил реализиран од: компјутерско програмирање 60%, обработка на податоци 15,1%, компјутерски консултантски услуги 13,9%, додека 3,2% од прометот е остварен од трговија со компјутерска опрема и софтвер.

Повеќе од две третини од извршените проектантски услуги се специјализирани во областа на инженерството и техничкото советување (75%), додека проектирањето на станбени и други проекти учествува со 1,7% во прометот.

Претпријатијата специјализирани за вршење техничко испитување и анализа оствариле 62,3% од прометот од други услуги за техничко испитување и анализа, а испитувањето на исправноста на патничките возила учествува со 37,7%.

Претпријатијата ангажирани за обезбедување рекламни услуги генерирале 49,8% од прометот од огласување преку медиуми и тоа најмногу преку продажба на простор/време со надомест или врз база на договор, на ТВ/радио (59%), односно 15,1% преку интернет. Рекламните агенции генерирале 63,8% од приходите за рекламирање преку комплетна изработка на реклами, 19% од развој на концепт на реклама, а 11,1% преку директен маркетинг и доставување рекламни материјали по електронска пошта.

Агенциите за вработување реализирале најголем промет преку посредување за привремени вработувања (58,6% ) и тоа  најмногу за кадар за компјутери и телекомуникации (71,8%), транспортни, магацински, логистички или индустриски работници (7,4%) и за помошен канцелариски кадар (5,2%).

Фото: Pexels