Над 95% од потрошениот јаглен употребен за производство на струја

238

Бруто домашното производство на електрична енергија, во ноември минатата година, учествува со 64,2% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,7% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2019 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 648.735 МWh електрична енергија, 20.833 мил. нм3 природен гас, 517.558 тони јаглен и 93.729 тони нафтени продукти.

Фото: Pexels