Најголемо учество во БДП има Скопскиот, најмало Североисточниот регион

40

Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2019 година, најголемо учество во брутодомашниот производ на Република Северна Македонија имал Скопскиот регион со 43.4 %, додека најмало е учеството има Североисточниот регион со 4.8 %.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 142.5, Југоисточниот регион со индекс 110.5, Вардарскиот регион 108.4 и Пелагонискиот регион со индекс 102.6. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија, соопшти ДЗС.