Намален индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март

11

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март 2016 година е за 0,3 процентни поени намален во однос на претходниот месец, а во однос на март 2015 година е зголемен за 8 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2016, во однос на февруари 2016 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2016 година е понеповолна во споредба со претходниот месец, а поповолна е во однос на март 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2016 година изнесува 63,3% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23,7%, недоволната домашна побарувачка со 18,3%, недостигот на квалификувана работна сила со 13,7% и нема со 10,9%.