Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

52

Во вториот квартал годинава откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 2.573.092.000 денари и во однос на истиот период од претходната година е намален за 1,4 %.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 1%, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е намалување за 3,6 %.

Намалување е забележано кај житата, добитокот, живината и јајцата и другите земјоделски производи, а кај другите производи е забележано зголемување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.