Намалени проценките за патувања со авион за оваа година

14

Глобалната побарувачка за авио летови оваа година ќе достигне само 38% од предпандемиското ниво, процени меѓународното здружение за воздушен транспорт (International Air Transport Association – IATA).

IATA досега очекуваше побарувачката да достигне половина од нивото во 2019 година, а потоа ги намали прогнозите бидејќи владите ги заострија ограничувањата за патувања по мутација на коронавирусот.

Првата половина од годината се очекува да биде со послаби резултати од очекуваното, а резервациите за летото се за 78% пониски одошто во март 2019 година.

Новата проценка на побарувачката се темели на претпоставката за постапно укинување на ограничувањата за патување откако богатите економии го вакцинираат ризичните групи на граѓани и со тоа се ослободува можност за организирање на патувања од средината на годината.

Фото: Pexels