НБРМ спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи

26

Народната банка денеска спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25.500 милиони денари.

Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 25.500 милиони денари и беа на ниво на понудениот износ.

Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 15 април 2015 година.