Не ги намалувајте платите, не отпуштајте работници и не ги покачувајте цените

235

Милош Вуковиќ, извршен директор од Црна Гора, смета дека ситуацијата со корона вирусот и неговото влијае врз економијата е без преседан во поновата историја.

Тој, како што пренесуваат тамошните медиуми, на сопствениците и менаџерите на компаниите им дава неколку совети:

  • Подгответе три сценарија (оптимистично, реално и песимистичко) за вашиот бизнис и направете проекција на финансиските извештаи на база на тие сценарија. Прецизно испланирајте ги активностите на компанијата за секое од сценаријата.
  • Не ги намалувајте платите и не отпуштајте вработени освен во крајни екстремни случаи. Ќе ви бидат потребни луѓе за закрепнување на бизнисот кога кризата ќе помине. Овозможете им дополнително здравствено осигурување на вработените.
  • Главен фокус на менаџментот треба да биде одржување на ликвидност. Реструктуирајте ги кредитите и одложете ги инвестициите за кратко. Следете ги паричните текови на дневно ниво.
  • Не повлекувајте пари од банка, бидејќи банките се високо ликвидни и имаат добро ниво на капитализација.
  • Намалете ги залихите преку детални маркетинг и промотивни активности.
  • Ако се занимавате со трговија, не ги зголемувајте цените, бидејќи потрошувачите имаат добра меморија и ги паметат компаниите што ги искористуваат вонредните ситуации.
  • Елиминирајте ги непотребните состаноци, а на важните средби дискутирајте за корона вирусот.

Фото: Pexels