Непроменети цените на угостителските услуги во јуни

36

Цените на угостителските услуги во јуни оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0,1% и Безалкохолни пијалаци за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во јуни 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,2%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,3%, додека во однос на декември 2020 година се зголемени за 0,1%.

Фото: Pexels