Нето плата од 21.882 денари во август

13

denari

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во август оваа година, изнесува 21.882 денари, додека во бруто износ е 32.164 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во август оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 3,1%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11,9%), Рударство и вадење на камен (7,8%) и Стручни, научни и технички дејности (7,6%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (8,3%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5,2%) и Информации и комуникации (4,4%).

Во август 2015 година, 1,2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.