
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во декември изнесува 22.407 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи пораст од 4,2%.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 16,9%, Градежништво за 11,5% и Преработувачка индустрија за 8,8%.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 19,8%, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11,1% и Други услужни дејности за 9,7%.
Во декември 2014 година, 1,2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.