Охридска банка и официјално доби нов сопственик

43

Охридска банка од денеска и официјално доби нов сопственик. Денеска, како што информираат од таму, извршена е промена на сопственоста.

“Штајермеркише Банк и Шпаркасен, АД (Steiermärkische Bank und Sparkassen AG) друштво организирано согласно австриското право, со седиште на Sparkassenplatz 4, 8010 Грац, Австрија, регистрирано во австрискиот регистар за компании под регистарски број FN 34274 d, се стекна со 472.839 акции и 91,5733% на гласачки права. Сосиете Женерал Групацијата, друштво организирано според француско право, со седиште на 29 Boulevard Haussmann, 75009 Париз, Франција, ги продаде сите 384.844 акции издадени од Охридска банка АД Скопје и со тоа своето учество во акционерскиот капитал во банката го сведе на 0%“, стои во известувањето доставено до Македонска берза.

Инаку, кон крајот на минатиот месец, Комисијата за хартии од вредност донесе решение со коешто понудата за преземање на Охридска банка, што ја даде Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, се утврди за успешна.

Фото: Pixabay