Овие директори ја намалија плататa на 0, за да им помогнат на своите работници

75

Во време на пандемија некои компании се погрижија нивните вработени со просечни и ниски примања да не настрадаат од ударот што го предизвика коронакризата.

Но, од друга страна има и обратна ситуација. На пример, во САД, двојно повеќе работници добија намалена плата за време на оваа корона криза отколку за време на Големата депресија. Во согласност со тоа, нивното работно време е намалено, а најчесто имаат бесплатен петок. Според сегашните податоци, најмалку четири милиони работници вработени во приватниот сектор се соочиле со пониски плати во изминатиов период.

Повеќе од шест милиони работници беа принудени да работат скратено работно време, а намалувањето платите се движеше од 720 до 576 долари неделно, што е забележливо на месечна основа. Сепак, многу директори решија да се лишат од заработка, за вработените да не страдаат.

Eд Бастијан, извршен директор на Delta Air Lines, се откажа од својата плата во средината на март за следните шест месеци. Тој вели дека го сторил тоа за да ја зачува финансиската стабилност на компанијата.

Оскар Муноз, извршниот директор на United Airlines, кој сега е цел на критики поради полните авиони, ја намали платата на нула долари, но во исто време ги “замрзна“ сите вработувања и формираше програма за доброволно отпуштање од работа.

Арне Соренсон, извршен директор на компанијата Marriott, одлучи да ги запре сите планирани хотелски иницијативи за 2020 година, тој исто така суспендираше нови вработувања, но исто така и ја намали платата на нула. Неговиот најблизок тим добива само 50% од платата.

Лоренс Калп, извршен директор на General Electric ги извести вработените веднаш на почетокот на кризата за идните случувања: тие мораа да отпуштат околу 10% од работната сила, а Калп се откажа од својата заработка со цел компанијата да ја преброди  2020 година.

Боб Капек, кој неодамна стана извршен директор на Disney, ќе земе 50% од својата плата, додека шефот Боб Ајгер се откажа од целата своја плата. Од април, примањата на сите вработени на високи позиции се намалени за 20 до 30%.

Фото: Pixabay