Пад на индустриското производство во март

134

Индустриското производство во март оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 13,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање од 10,8%, во секторот Преработувачка индустрија од 14,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација производството опаднало за 11,5%.

Намалувањето на производството во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 12%, Интермедијарни производи, освен енергија за 11,9%, Капитални производи за 20,1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,1%.

Индустриското производство во периодот јануари − март 2020 година, во однос на периодот јануари − март 2019 година, е намалено за 3,7%.

Фото: Pixabay