Пад на индустриското производство во октомври

13

Индустриското производство во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 3,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи опаѓање од 0,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 4,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10,5%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи
од гума и производи од пластични маси, Производство на метали и Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 4,2%, Капитални производи за 18,3% и Трајни производи за широка потрошувачка за 73,8%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 16,9%.

Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2016 година, во однос на периодот јануари – октомври 2015 година, е зголемено за 4,4%.