Пад од 4,4% на индустриското производство во јуни

26

Индустриското производство во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 4,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи опаѓање од 21,1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 20,4%.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи пораст кај Трајни производи за широка потрошувачка за 77,3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 25,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,2%, Капитални производи за 7,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6%.

Индустриското производство во периодот јануари – јуни 2016 година, во однос на периодот
јануари – јуни 2015 година, е зголемено за 5,6%.