Повисок индикатор на доверба во преработувачката индустрија во февруари

11

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија е повисок во февруари 2015, во однос на јануари 2015, а исто така и во однос на февруари 2014
година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2015, во однос на јануари 2015
година, е поповолна, состојбата со залихите на готови производи e поповолна, како и очекувањата за обемот
на производството во наредните три месеци. Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на февруари 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2015 година изнесува 62,2% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната домашна побарувачка со 25%, недостигот на квалификувана работна сила со 24,9%, недоволната странска побарувачка со 24,7% и финансиските проблеми со 5,7%.