Преработувачката индустрија создала 1,6 милиони тони отпад во 2014 година

22

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на создаден отпад според секторите на економска активност во Република Македонија, во 2014 година, изнесува 1.845.909 тони. Најголемо количество отпад (1.638.238 тони) е создадено во секторот Преработувачка индустрија.

Вкупното количество на создаден опасен отпад изнесува 39.337 тони. Најголемо количество на опасен отпад е создадено во секторот Преработувачка индустрија, 37.126 тони.

Од вкупното количество на создаден отпад, 659.238 тони се предаден отпад, односно отпад којшто деловните субјекти го предале на други физички или правни лица во земјата или во странство во текот на 2014 година.

Вкупното количество на примен отпад, односно отпад којшто деловните субјекти го примиле од други физички или правни лица од земјата или од странство во текот на 2014 година, изнесува 705.825 тони.

Во текот на 2014 година се преработени 197.505 тони отпад. Вкупното количество на отстранет отпад изнесува 1.481.378 тони.