Превезени патници и стока во последното тримесечје од 2014

13

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2014 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 2.813.000, во железничкиот превоз 222.000, во градско – приградскиот превоз 22.919.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 289.175.

Во истиот период, во споредба со четвртото тримесечје од 2013 година, количеството на превезената стока
во товарниот патен превоз е намалено за 14,2%, во железничкиот превоз е намалено за 2,2%, додека во
воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 18,6%.