Промотивна кампања за НЛБ Виолетови потрошувачки кредити

26

nlb violetov kredit

НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Виолетовите потрошувачки кредити за физички лица, за Ризико виолетов и Промотивниот виолетов потрошувачки кредити со повеќе поволности до седми октомври оваа година.

Ризико виолетовиот потрошувачки кредит нуди фиксна каматна стапка од 6% за првите две години и 8,5% за остатокот од периодот, без манипулативни трошоци. Промотивниот виолетов потрошувачки кредити е со фиксна каматна стапка од 6% во првите 13 месеци и 8,5% променлива во остатокот од периодот.

Дополнително, банката ја намали каматната стапка и за хипотекарниот кредити за 5,9% за приматели на плата и 7% за неприматели на плата во НЛБ Банка, а зголемен е периодот на отплата на кредитот на 20 години.