Просечна малопродажна цена на електрична енергија за домаќинствата 4.770 денари по KWh

42

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото полугодие од 2019 година, просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 4.770 денари по KWh (киловатчас), што претставува пад од 1,4 % во споредба со второто полугодие во 2018 година.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.612 до 7.495 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 19.452 до 28.910 денари по nm3 по групи потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесува 38.783 денари по nm3.

Фото: Pixabay