Раст на БДП од 2,2% во второто тримесечје од 2016-та година

20

Бруто домашниот производ во текот на второто тримесечје од оваа година забележа раст од 2,2%, покажуваат проценетите податоци на Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 31%; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 11,5%; и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 4,9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2016 година, номинално расте за 1,3%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 69,5%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 4,2%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 6,6%.