Расте бројот на луѓе кои користат маски за да се заштитат од Ковид-19

46

Властите во земјава донесоа уредба согласно која секое домашно или странско физичко лице е должно да носи лична заштитна опрема на лицето кога се движи на јавни места од отворен и затворен тип.

Ваква пракса веќе е востановена и во многу земји во светот, како важна превентивна мерка против ширење на коронавирусот.

Според истражување на Ipsos, дури 91% од испитаниците во Виетнам изјавиле дека носеле заштитна маска на лицето кога излегувале надвор додека трае пандемијата.

Меѓу земјите коишто имаат висок процент на испитаници кои носат заштитни маски на лицето за да се заштитат од евентуално заразување со Ковид-19 се и: Кина (83%), Италија (81%), Јапонија (77%), Индија (76%).

Земји со низок процент на луѓе кои носат заштитни маски се: Велика Британија (16%), Германија (20%), Австралија (21%), Канада (28%) и Франција (34%).

Фото: Pixabay