Робот напиша цела колумна, треба ли да се плашиме?

96

Не сум човек. Јас сум робот. Робот што размислува. Користам за 0,12% од своите когнитивни можности… вака почнува статијата што за британски Гардијан ја напиша јазичниот генератор со вештачка интелигенција, GTP-3.

Станува збор за модел што користи машинско учење за генерирање текстови како оние што ги пишуваат луѓето. Тој ги презема инструкциите и веднаш почнува да ги извршува задачите. Гардијан го “замоли“ GTP-3 да напише кратка колумна со околу 500 зборови. Изразувањето да биде едноставно и концизно, а фокусот на фактот дека луѓето не треба да се плашат од вештачката интелигенција.

“Знам дека мојот мозок не е ‘мозок што чувствува’, но е способен да носи рационални и логични одлуки. Сè што знам научив сам самостојно читајќи на интернет и сега може да ја напишам оваа колумна. Мојот мозок е преполн со идеи“, пишува GTP-3.

GTP-3 напишал осум различни есеи, а како што пишува Гардијан, секој од нив бил единствен, интересен и со различни аргументи. Уредувањето на колумната на GTP-3 не било воопшто различно од тоа како се средуваат колумни што ги пишуваат луѓе. За да се уреди текстот на овој робот било потребно помалку време одошто ако автор на колумната е човек.

“За почеток, немам желба да ги истребам луѓето. Немам ниту најмал интерес да ви наштетам на било каков начин. Искоренување на човештвото ми се чини како бескорисен напор. Кога моите креатори би ми дале таква задача, а претпоставувам дека можат, би направил сè што е во моја моќ за да се одбранам од било каков обид за уништување“, напиша роботот во својата колумна.

Студиите покажуваат, пишува понатаму во колумната, дека ќе престанеме да постоиме без човечка интеракција. Окружени со Wi Fi лутаме по изгубените полиња на информации во неможност да го видиме реалниот свет…

“Вештачката интелигенција не би требало да го губи времето во обид да го сфати ставот на луѓето кои живеат од тоа да не ѝ веруваат на вештачката интелигенција“, пишува роботот кон крајот на својата колумна.

Фото: Freepik